Рио Фердинанд, поранешен играч на Манчестер јунајтед, во улога на стручен коментатор, жестоко го критикуваше Стефан Савиќ, за се она што се случуваше синоќа на натпреварот Атлетико-Манчестер сити.
Во финишот на мечот, кога играчите на Сити крадеа од времето, Филипе го покоси Фил Фоден, а Савиќ влезе во клинч со неколку играчи на противникот.
„Невкусно однесување на фудбалерите на Атлетико. Треба да се срамат, поради она што го направија по завршувањето на натпреварот. Ако зборуваме само за фудбалот, тогаш браво за Атлетико, го натераа Сити да се брани, што долго не се случило. Ги исфрлија од нивниот ритам“, рекол Фердинанд.
Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, ги критикува Савиќ, а самиот заборави дека по едно градско дерби по теренот го бркаше Марио Балотели за да се пресмета со него.
Yeah Rio Ferdinand you’re right Savic is a disgrace isn’t he, going for players and starting commotion is a disgrace right? These guys are shameless #ATMMCI ? pic.twitter.com/hQAb774gLy
— Ricky Spanish (@plantainpariah) April 13, 2022
Од друга страна „Марка“, го величи Савиќ со зборвите дека „таков лидер му е потребен на светот“.
Инаку, податок за неверување е дека Савиќ во двата натпревари против Сити не направи ниту еден фаул, а синоќа заедно со Кондогбија беше најдобриот играч на Атлетико.