Top Sport

Фердинанд: Јунајтед имаат потреба од брз дефанзивец

Рио Фердинанд, смета дека неговиот поранешен клуб, Манчестер јунајтед, најмногу проблеми има во централниот дел од одбраната. Според, Рио Фердинанд, најслаба точка во одбраната е најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, Хари Мегваер.

„Хари е бевен, Солскјер во летниот преоден рок мора да донесе уште еден дефанзивец“, рекол Фердинанд.

„Мислам дека најголемата грижа на Солскјер е дали смее да го стави Мегваер „еден на еден“ на средината од теренот? Или да го стави Линделоф? Докажано е дека не смее, во тој дел тие двајца се лоши. Има многу добри работи во играта на Мегваер, но таа зона е негова слаба точка“.

Фердинанд смета дека Манчестер јунајтед, мора да донесат брз и подвижен дефанзивец, кој би можел да му биде партнер на Мегваер.

Scroll to Top