Top Sport

Конте побарал да му го донесат Јури Тилеманс

Фудбалерите на Интер 11 натпревари се оддалечени од титулата во Серија А. Интер имаат девет поени предност пред градскиот ривал Милан. Иако првенството не е завршено, тренерот Антонио Конте, ги крои плановите за наредната сезона.

Конте, побарал од клупските челници, да поработат на трансферот на Јури Тилеманс. Бегиеоцт игра во одлична форма и е еден од најзаслужните за добрите резултати што сезонава ги постигнува Лестер.

Тилеманс сезонава настапил на 39 натпревари во сите натпреварувања, постигнал седум и наместил пет гола. Тој има договор со Лестер до јуни 2023 година.

Конте побарал од спортскиот директор Бепе Марота, што поскоро да го обезбеди потписот на Тилеманс, за да ја „избегне“ војната со останатите европски великани.

Лестер за Тилеманс бараат 40 милиони евра. Репрезентативецот на Белгија е поранешен играч на Андерлехт и Монако.

Scroll to Top