Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд, изјавил дека Аргентинецот Серхио Агуеро е најдобар напаѓач во Премиер лигата.
Агуеро, во неделата, со двата гола против Челси, на Манчестер сити му ја донесе титулата во „Комјунити шилд“. Против Челси, Агуеро, го постигна 200.гол во дресот на Сити.
„Да се постигнат 200 гола за Манчестер сити е фантастичен резултат. Мислам дека е најдобриот напаѓач во Премиер лигата. Сум играл против него, ми беше најтешкиот ривал“, рекол Фердинанд, кој работи како стручен коментатор.
За Фердинанд Агуеро е многу подбар играч од иконата на наглиската репрезентација Хари Кејн.
„Кејн е одличен играч, но според моето мислење Агуеро е многу подобар“, дополнил Фердинанд.
Некогаш еден од најдобрите дефанзивци во светот на фудбалот, кариерата ја заврши во 205 година и веднаш започна да работи како стручен коментатор.