Top Sport

ЛА Лејкерс против Вориорс на Божик

НБА лигата го објави распоредот на натпреварите што ќе се играат за време на католичкиот Божик, на 25.декември.

Вообичаено, за овој празник, НБА лигата на програмата става „блокбастер“ натпревари, во кои играат најдобрите екипи и тоа во пристојни термини и за европскиот континент.

Веројатно дека и оваа година ќе играа Голден стејт Вориорс и Кливленд Кавалирс, меѓутоа бидејќи Леброн Џејмс се пресели во ЛА Лејкерс, на 25.декември Вориорс ќе играат против „езерџиите“.

Покрај овој спектакл, на програмата ќе бидат и мечевите помеѓу Милвоки Бас
кс и Њујорк Никс, Оклахома Тандер и Хјустон Рокетс и Филалделфија против Бостон Селтикс.

Пограмата ќе ја затворат Јута Џез и Портланд Трејлблејзерс.

Scroll to Top