Легендарниот поранешен дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд реши да ги почитува старите ривалства и одби да го потпише дресот на еден навивач на „Крејвен котиџ“ денеска, бидејќи се работеше за дрес на Ливерпул.
Фердинанд беше дел од коментаторскиот тим на „БТ спорт“, и пред мечот делеше автограми, кога еден млад навивач со дрес на Ливерпул посака потпис.
„Само што побара да се потпишам на дрес на Ливерпул? Дали си ти луд? Не, не можам да го направам тоа“, вели Фердинанд во видеото кое го сподели на социјалните мрежи.
Фердинанд одигра 455 мечеви за „ѓаволите“.
My guy wants me to sign a Liverpool shirt ???
It’s good to be back!! pic.twitter.com/1yynYC11lR
— Rio Ferdinand (@rioferdy5) August 6, 2022