Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, рекол дека „црвените ѓаволи“ можат многу да научат од поразот против Пари Сен Жермен. Јунајтед, синоќа на „Олд Трафорд“ беа поразени од францускиот првак со 2:0, во првиот осмина-финален меч во Лигата на шампионите.
„Со ова Јунајтед се вратија во реалноста. Тоа не мора да биде лошо. Играчите можат да научат од овој пораз. Не покажаа напаѓачки потенцијал, а ПСЖ беа доминантни и без двајцата најдобри (Нејмар и Кавани). Видовте како Маркињос лесно го задржа Погба“, порачал Фердинанд.
Слично размислува уште еден поранешен играч на Јунајтед, Овен Харгривс.
„ПСЖ беа брилијантни, а Маркињос беше најдобриот играч на теренот. Буфон не мораше ниту да стои на голот на ПСЖ“, рекол Харгривс.
Реваншот ќе се одигра на 6 март во Париз, а Манчестер Јунајтед ќе биде без Пол Погба кој доби црвен картон.