Фудбалскиот свет уште еднаш му се поклони на Лионел Меси. Аргентинецот постигна два гола, во победата на Барселона над Ливерпул од 3:0, во првиот полу-финален натпревар во Лигата на шампионите.
„Лионел Меси е феноменален играч. Тој поседува се. Еден е од најдобрите или е најдобриот на сите времиња. Пресереќен сум што го гледав ова. За ова ќе им раскажувам на моите деца. Тој може да го реши натпреварот кога и да посака“, рекол Рио Фердинад за „БТ Спорт“.
На „Твитер“ се огласи и поранешниот соиграч на Меси, Сеск Фабрегас.
„Секоја чест за Ливерпул играа фантастично. Ваков меч можете да изгубите само доколку играте против добар тим, односно против играч кој е над сите останати“, напишал Фабрегас.
Дарен Флечер, поранешен играч на Манчестер Јунајтед, смета дека Меси не одиграл совршен меч.
„Меси вечерва не го диктираше темпото. Како да не беше целосно влезен во натпреварот, но како и кога е во прашање Роналдо „оживеа“ кога требаше да ги постигне головите. Поради тоа морате да му честитате“, рекол Флечер.
?? Barcelona in the #UCL:
1⃣9⃣9⃣2⃣?
2⃣0⃣0⃣6⃣?
2⃣0⃣0⃣9⃣?
2⃣0⃣1⃣1⃣?
2⃣0⃣1⃣5⃣?
2⃣0⃣1⃣9⃣❓ pic.twitter.com/9UmfppHzCf— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) May 1, 2019