Тренерот на бразилскиот Палмеирас, Абел Фереира по му порача на менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг да замолчи со плачењето за неговиот напорен распоред, откако бразилскиот клуб има девет меча во еден месец.
По повредата на Маркус Рашфорд против Евертон во текот на викендот, Тен Хаг изјави дека календарот е загрижувачки, но Фереира вели дека ќе треба да дојде во Бразил да види што е напорен фудбал. По 4:0 победата над Агуа Санта во Кампеонато Паулиста, регионалниот шампионат на провинцијата Сао Пауло, Фереира неочекувано удри по Тен Хаг.
„Фудбалот тука во Бразил е фантастична работа. Но, има некои работи кои се нехумани. Девет меча во еден месец. Тренерот на Манчестер јунајтед пред некој ден се жалеше дека Рашфорд се повредил поради серијата мечеви. Би сакал да му кажам: ‘Во следните два месеци и ќе имаме девет меча месечно. Замолчи, бидејќи не знаеш што зборуваш’“, вели Фереира.