Top Sport

Матераци призна дека зборувал за сестрата на Зидан

По речиси 17 години, Марко Матераци призна дека ја споменал сестрата на Зинедин Зидан пред да добие удар со глава од француската легенда во финалето на Светското првенство во 2006 година.

Во еден од најскандалозните моменти во историјата на Светското првенство, Зидан во последниот меч во својата професионална кариера ги загуби нервите удирајќи го Матераци со глава во гради, добивајќи црвен картон, по што „триколорите“ го загубија финалто од Италија.

„Знаете како прават во НБА? Зборување ѓубре (thrashtalking)? Тоа беше ништо за мене. Тој ми го понуди дресот на крајот на мечот, јас му кажав: ‘Не, повеќе сакам да ми ја дадеш твојата сестра’“, вели Матераци за „Италијан фудбал ТВ“.

Интересно, двајцата постигнаа голови во регуларните 90 минути, а инцидентот се случи во 110. минута при 1:1 резултат. Зидан подоцна во интервју за „Л’Екип“ зборуваше за инцидентот.

„Тој ме провоцираше споменувајќи ја мојата сестра Лила. Не сум горд на моментот, но тој дел од мојата кариера. Тогаш бев многу покршлив. Не ја навреди мајка ми, но ја навреди сестра ми“, изјави тогаш Зидан.

Scroll to Top