Унгарскиот клуб Ференцварош или Карабах од Азербејџан, ќе биде последната пречка што треба да ја мине македонскиот првак Шкупи за да се пласира во групната фаза во Лига Европа. Претходно тимот на Гоце Седлоски ќе треба да го елиминира ирски Шамрок во третото коло од квалификациите во ЛЕ.
Ждребот не беше премногу наклонет кон Шкупи со оглед дека се работи за силни ривали. Но, тимот од Чаир сега е фокусиран на претстојните натпревари против Шамрок Роверс.
Првиот меч е в четврток во Ирска, а потоа следи и реваншот во Македонија.