Top Sport

Ферги ги договорил Роналдо и Бејл за Јунајтед пред пензионирањето?

Патрис Евра тврди дека Сер Алекс Фергусон бил „99 отсто сигурен“ дека Кристијано Роналдо ќе се врати на „Олд Трафорд“, а Герет Бејл ќе направи трансфер во Тотенхем пред да замине во пензија во 2013 година.

Иако за неговата пензија се шпекулираше долго време, одлуката на Ферги да замине по 27 години на чело на „ѓаволите“ го шокираше клубот, откако под негово водство клубот освои 13 титули од Премиер лигата и два трофеи од ЛШ. Според Евра, Ферги бил сигурен дека Роналдо ќе се врати во клубот, и дека Бејл ќе потпише, за на крајот двајцата да продолжат со Реал Мадрид.

„Две недели пред неговото пензионирање, тој ми кажа: ’Патрис, нема да се пензионирам никогаш, ќе бидам тука уште 10 години’. Потоа ми кажа дека 99 отсто ги има договорено Кристијано Роналдо и Герет Бејл и дека тие двајца фудбалери му се потребни да освоиме нова титула од Лигата на шампиони. Да бидеме фер, кога зборував со Кристијано, го прашав дали му кажал ’да’ на шефот за доаѓање во Јунајтед и тој ми потврди“, вели Евра.

На крајот, Роналдо и Бејл освојуваа титули од Лигата на шампионите, но со Реал Мадрид, а на Јунајтед почна „вртелешката“ со тренери – Дејвид Мојс, Луис ван Гал, Жозе Мурињо и на крајот Оле Гунар Солскјер, со ниту една титула од Премиер лигата.

Scroll to Top