Top Sport

Челино: Бреша згреши што веруваше во „детинестиот“ Балотели

Претседателот на Бреша, Масимо Челино признава дека е можно да се „спакува и да се врти во Англија“, разочаран од Серија А, додавајќи дека најголемата грешка е што му верувал на напаѓачот на клубот, „детскиот“ Марио Балотели.

Поранешниот сопственик на Каљари и Лидс јунајтед, честопати се закануваше со заминување од фудбалот и останува единствениот сопственик на клуб од Серија А кој го отфрла продолжувањето на сезоната.

„Ова веќе не е мојот фудбал, нема иднина. Невозможно е да си претседател, како да седиш на маса за покер, а противникот да крие карти во ракавот и да користи лажни пари. Веќе не ми е грижа дали ќе се вратиме на фудбалот, нека прават што сакаат. Срамотно е што Италија чека УЕФА и Германија да им покаже што да прават следно. Имам некои пари на страна, така што ако работите не се сменат, ќе се вратм во Англија“, вели Челино.

Бреша се на последното место во Серија  А со само 16 поени во 26 кола, откако прво го отпуштија, па го вратија Еугенио Корини, со Фабио Гросо играа само три меча, а моментално се под тренерот Диего Лопез. Челино вели дека направил грешки, и дека една од нив е ангажирањето на напаѓачот Марио Балотели.

„Инвестирав во стадионот, во други елементи на клубот, но направив неколку аматерски грешки и ја утнав сезоната. Го сакав Балотели, но тој се покажа како површен и детинест човек. Да не бидам погрешно сфатен, не одиме во Серија Б поради Марио. Но, ако детето е невоспитано, тоа е грешка на родителите, и ние не завршивме добра работа со него“, додава Челино.

Scroll to Top