Top Sport

Ферги му пратил порака на Хазенхитл по 9:0 поразот на Саутемптон

Ралф Хазенхитл вели дека легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон му пратил порака со охрабрување откако неговите Саутемптон загубија дома со 9:0 од Лестер во октомври, иако воопшто не се познавале.

Тој пораз го постави германскиот тренер под притисок бидејќи неговиот клуб падна во зоната за испаѓање и немаше победа во осум меча, но Саутемптон ја заддржија довербата и тој врати со одлична форма со победи над Челси и Тотенхем, како и 2:1 триумф над Лестер во јануари во реваншот.

„Добив СМС порака од Алекс Фергусон, а не го познавав. Да не загубев со 9:0 никогаш немаше да имам контакт со него и тоа беше една позитивна работа од тој пораз. Тоа навистина ми помогна и ми даде надеж во тие моменти. Ќе морам да живеам со тој резултат целиот мој живот, но на крајот победивме со 2:1 и приказната на крајот беше добра и ми помогна да добијам искуство“, вели Хазенхитл.

„Газење“ и понижување на „Сент Мерис“ – Саутемптон-Лестер 0:9 (видео)

Scroll to Top