Top Sport

Бразилски фудбалер загина летајќи змеј!

Кајо Фелипе Сантос Силва, 21-годишниот фудбалер на бразилскиот нисколигаш Индепенденте Сао Пауло загинал во вторникот откако змејот кој го летал се закачил на жици од далновод.

„Со жалење ја објавуваме смртта на нашиот фудбалер Кајо Фелипе, и праќаме искрено сочувство до неговото семејство и пријатели“, објавија од клубот, кој игра во Кампеонато Паулиста А2, регионална лига во Сао Пауло.

Кајо Фелипе станал професионалец со тимот на Интер де Лимеира, а во кариерата играл и за Сентро Спортиво Парабаиано пред да се приклучи на Индепенденте, каде што имал постигнато 6 гола во 22 настапи оваа сезона.

Scroll to Top