Сер Алекс Фергусон потрошил само 65 минути пред да одлучи дека Давид де Хеа е вистинската замена за Едвин ван дер Сар, тврди Ерик Стил, поранешниот тренер на голманите во Манчестер јунајтед.
Стил вели дека тој го придружувал легендарниот менаџер на Јунајтед за да го види мадриѓанецот на мечот меѓу Атлетико Мадрид и Валенсија.
„Се сеќавам дека Сер Алекс пропушти два меча на Манчестер јунајтед – дербито со Сити во 2000 поради свадбата на неговиот син и вторпат за да потпише договор со Де Хеа. Давид покажа смиреност во мечот и направи неколку одбрани, по што Ферги лесно ја донесе одлуката“, вели Стил.
Одлуката да се патува во Валенсија била донесена откако двајцата гледале триминутно видео од најдобрите одбрани на Шпанецот. Плаќањето 19 милиони евра за 19-годишно момче било вистински ризик.
„Сер Алекс беше трпелив и со други играчи пред Давид, но тој беше првиот голман. Луѓето веднаш ја критикуваа градбата на Давид, но ние не менувавме ништо, знаевме дека неговата сила ќе дојде. Фергусон воопшто не го критикуваше и никогаш не му викаше“, вели Стил.
Ова потсетување доаѓа по неверојатниот меч кој го имаше Де Хеа во саботата при 3:1 победата над Арсенал, кога 27-годишниот голман имаше рекордни 14 одбрани. Стил вели дека тој може да биде само подобар.
„Давид може да сопре сè, тој доминира со својот простор и е најдобриот голман денеска. Само Тибо Куртоа е блиску до него во Англија. Потсетете се, Петер Шмајхел дојде во Јунајтед на 27 години, Едвин ван дер Сар на 35. Давид има 37 години и само што влегува во најдобрите години. Ќе биде само подобар“, додава Стил.
Уште една пофалба за Де Хеа доаѓа од Џејми Реднап, поранешниот фудбалер на Ливерпул.
„Морам да признам дека згрешив за Давид кога дојде во Премиерлигата. Го гледав тоа слабо момче на голот и дресот беше преголем за него. Не сме виделе подобар. Тој е како лик од филмот ‘Матрикс’ – начинот на кој изгледа и на кој ја успорува топката пред да направи одбрана“, напиша Реднап.
Де Хеа го израмни голманскиот рекорд во Премиер лигата (видео)