Top Sport

Де Хеа го израмни голманскиот рекорд во Премиер лигата (видео)

Давид де Хеа го израмни рекордот за најмногу одбрани во меч од Премиер лигата, со најдобри перформанси во последните 14 години, за да помогне Манчестер јунајтед да се врати со 3:1 победа  од гостувањето кај Арсенал.

27-годишниот Шпанец имаше 14 одбрани, со што го израмни рекордот кој досега го делеа Тим Крул (Њукасл-Тотенхем во ноември 2013) и Вито Маноне (Сандерленд-Челси во април 2014). Де Хеа посебно импресионираше со двојната одбрана во второто полувреме по обидите на Александер Лаказет и Алексис Санчез.

Во статистиката нема податоци пред сезоната 2003/04.

Жозе Мурињо нормално беше ипресиониран.

„Му кажав по мечот, тоа што го видов денеска беше најдобриот голман на светот. На големите мечеви ти е потребен голман во кој ќе веруваш. Мечот беше феноменален, и морам да признаам дека во одредени делови Арсенал играше фантастично“, изјави Мурињо.

Јунајтед не го „паркираше автобусот“, се врати со победа од Лондон (видео)

Scroll to Top