Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон, нема дилема дека Златната топка треба да ја добие Кристијано Роналдо.
Португалецот по 12 години се врати на „Олд Трафорд“, на првите седум натпревари постигна пет гола.
Неодамна, Роналдо постиви рекорд во националниот тим, на 130.натпревар го постигна 115 гол и го забележа 54. хет-трик во кариерата. Претходно, за Јувентус во минатата сезона, постигна 36 гола на 44 натпревари.
„Кристијано Роналдо ја заслужува Златната топка. Оваа години уриваше рекорди“, рекол Фергусон.
Главниот фаворит за наградата е Роберт Левендовски, додека Французите лобираат за Карим Бензема. Во најтесниот круг се Жоргињо и Нголо Канте, односно Лионел Меси и Мохамед Салах.