Легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон вели дека има лична должност да зборува за проблемо со деменцијата кај поранешните фудбалери и дека мора да се преземе нешто за тие луѓе.
Здравствените проблеми на пензионираните фудбалери во последно време станаа важна тема во Англија по смртта на поранешниот фубалер на Манчестер јунајтед, Ноби Стајлс, кој како повеќе негови колеги од англиската репрезентација од 1966 година, како Боби Чарлтон, страдаа од оваа болест.
„Многу е тажно. Боби не е добро подолго време. По смртта на Ноби и дијагнозата на Боби, фудбалски легенди, мора да се зборува за ова. Не знам што прави Асоцијацијата на професионални фудбалери (ПФА), но и ние поранешните тренери ќе се обидеме да помогнеме. Ние имаме должност да зборуваме и да делуваме“, вели Фергусон за „Дејли мејл“.
Иако дискусијата се насочи околу ударите со глава и можната забрана, Ферги не се согласува.
„Ударите со глава се дел од фудбалот и тука се над 100 години, така што не можеме да ги извадиме од играта. Но, би можело да се намалат ударите на тренинзите“, вели Фергусон.