Top Sport

Мајк Тајсон VS. Тор!

Во можеби најчудната актерска комбинација на сите времиња, легендарниот поранешен шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон во новиот акциски филм ќе глуми покрај ѕвездата од „Игра на тронови“, и најсилен човек на светот, Хафтор Бјорнсон.

Филмот кој треба да биде објавен оваа година во САД под име „Песочен удар“, Тајсон има улога на поранешен војник кој заштитува група од египетски бегалци, додека од другата страна е Тор, кој е дел од група на зли платеници.

Филмот во режија на Египќанецот Рауф Абд Ел Азиз веќе е објавен во Египет, но сега се очекува светската премиера.

Scroll to Top