Top Sport

Фергусон ќе го пропушти Европското првенство

Шкотскиот репрезентативец Луис Фергусон поради повреда ќе го пропушти Европското првенство во Германија.

Играчот од средниот ред на Болоња ги повреди вкрстените лигаменти во коленот на натпреварот против Монца во Серија А и наскоро ќе биде опериран.

Првите прогнози велат дека тој ќе мора да отсуствува од терените најмалку шест месеци.

Неговата повреда доаѓа во незгодно време кога Болоња се бори за историски пласман во Лигата на шампионите. Болоња моментално се наоѓа на четвртото место во Серија А.

Фергусон пристигна во Болоња во 2022 година од Абердин. Досега има одиграно 12 натпревари за Шкотска.

Scroll to Top