Top Sport

Фергусон ќе го „убиел“ Ван Нистелрој кога тој се појавил со дрес на Манчестер сити

Сер Алекс Фергусон е еден од најуспешните тренери во историјата на фудбалот, но и човек кој замина во пензија со репутација на лесно избувлив човек кому работите морале да му бидат целосно подредени.

Ова го открива и последната изјава на Гери Невил за инцидентот кој се случил по поразот во дербито на Манчестер во 2002 година, кога Руд ван Нистелрој влегол во соблекувалната со дрес на Манчестер сити, кој го добил по 3:1 поразот на „Мејн роуд“.

„До Руд дојде еден фудбалер на Сити и тие ги разменија дресовите. Ферги полуде! Врескаше: ’Не го даваш овој дрес! Тоа е мој дрес! Тоа е дрес на клубот, не е твој, туку го носиш само привремено. Не се твои да ги раздаваш’. Никогаш не ни даваше да менуваме дресови во натпреварите во Англија. Тогаш ни кажа: ’Треба да ви ги пуштам фановите да ви кажат некои работи’“, открива Невил.

Токму на тој меч, Невил контроверзно не сакаше да се ракува со својот поранешен соиграч Петер Шмајхел.

„Прво, тој си замина од Манчестер јунајтед на 35 години и кажа дека се повлекува и дека ќе игра во странство. Но, се врати и потпиша за Манчестер сити. Не можеш да играш за Јунајтед и да играш за Сити. Јас не би можел да играм за Сити, Лидс или Ливерпул. Така е напишано. Не играш за тие клубови без разлика што се случува. Второ, тогаш сите не мразеа и јас ги мразев сите. Таков беше менталитетот. Ние бевме на остров и немавме време за пријателства“, открива Невил.

Scroll to Top