Top Sport

По Годин, Интер го потврдија доаѓањето и на Лазаро

Интер го потврдија доаѓањето на австрискиот репрезентативец Валентино Лазаро од Херта Берлин, кој доаѓа на „Џузепе Меаца“ со договор на пет години и ги чини „нераѕурите“ 22 милиони евра.

Лазаро импресионираше од влегувањето во првиот тим на Херта во 2017 година, и оттогаш забележа 19 настапи за австриската репрезентација, вклучувајќи го дуелот со Македонија во Скопје минатиот месец.

Се очекуваше „нераѕурите“ да го донесат 23-годишниот Лазаро, кој утрото беше на медицински тестови, откако го потврдија и доаѓањето на уругвајскиот ветеран од Атлетико Мадрид, Диего Годин.

Scroll to Top