Top Sport

Фергусон му честиташе на Клоп: Ќе ти простам што ме разбуди во три и пол наутро

Менаџерот на Ливерпул е прогласен за тренер на годината во Англија. Германецот ја заслужи наградата бидејќи успеа да ја врати на „Енфилд“ титулата по пауза од 30 години.

Наградата за тренер на годината го носи името на Сер Алекс Фергусон. Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед му честиташе на клоп.

„Ја заслуши оваа награда. Партиите што ги пружаа твоите момци беа неверојатни. Ќе ти простам што ми се јави во 3.30 сабајле за да ми кажеш дека Ливерпул е шампион“, рекол во видео-пораката Фергусон.

Оваа награда прв пат е доделена во 1993 година, а првиот лауреат бил токму Фергусон. Шкотот е рекордер со пет освоени награди, три има неговиот сонародник Дејвид Мојс.

Минатата година признанието го доби тренерот на Шефилд Јунајтед Крис Вајлдер.

Клоп му се јавил на Ферги во 3:30 часот наутро за да го потсети дека Ливерпул се шампиони!

Scroll to Top