Top Sport

Фергусон за Венгер: Тој е неверојатен

Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер (68) вчера го надмина рекордот на Сер Алекс Фергусон од 810 натпревари во Премиер лигата.

Венгер го предводеше Арсенал по 811.пат и сега е апослутен рекордер во Премиер лигата.

Иако додека ги водеа своите екипи во меѓусебните дуели често „војуваа“ со зборови, не ретко вербалните дуели им беа на граница на инцидент, откако Фергусон се пензионираше, двајцата легендарни тренери имаат одлични односи.

„Тоа што тој го направи и она што му го даде на англискиот фудбал е неверојатно. Нема шанси некој да го достигне неговиот рекорд. Му честитам на успешната кариера и се надевам дека така ќе продолжи“, рекол Фергусон по вчерашниот натпревар во кој Арсенал одигра 1:1 со ВБА.

Арсен Венгер во Арсенал е од 1996 година. Во кариерата победил со тимот на 468 натпревари, бил поразен 145 дуели, а 198 пати Арсенал играл нерешено.

Во сите конкуренции го предводел Арсенал на 1160 натпревари.

Scroll to Top