Top Sport

Фернандес ќе брани, не мора да биде на гласачкото место

Голманот на Леванте, Аитор Фернадес, добил „зелено светло“ да игра на мечот со Атлетик Билбао. Тој не мора да биде на гласачкото место на парламентарните избори кои ќе се одржат утре.

„Имаме добри вести. Гласачката комисија го ослободи нашиот голман Аитор Фернадес од обрската да биде резерва на гласачкото место Мондрагон. Се гледаме на Сан Мамес“, соопшти Леванте.

Ова се добри вести за екипата од Валенсија пред гостувањето во Билбао бидејќи резервата на Фернандес, Ојер Олазабал е повреден.

Според законот сите Шпанци кои се гласачи можат да бида повикани на гласачко место за изборите, а за тоа добиваат дневница од 65 евра.

Колегата на Фернандес Хорхе Мирамон исто така бил повикан да работи на гласачко место во родната Сарагоса, меѓутоа и тој е ослободен од обврската.

Scroll to Top