Top Sport

Фернандеш: Аморим доаѓа во вистински момент ќе внесе нова енергија

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш изјави дека новиот тренер Рубен Аморим доаѓа во вистонско време за да внесе нова енергија во клубот. .

Аморим официјално го презеде Јунајтед во понеделникот, претходно клубот го напушти Ерик тен Хаг поради лошите резултати.

„Направи нешто посебно во Спортинг. Ги гледав скоро сите натпревари на Спортинг, Аморим е некој кој ја врати возбудата во клубот, им донесе многу добри работи и се надевам дека ќе може да го направи истото и овде. По речиси 20 години ја освоија титулата“, изјави за Фернандеш на клупската телевизија.

Тој рече дека Манчестер има различни играчи и дека поради тоа може да игра на неколку начини.

„Сигурен сум дека идејата што ја има ќе ни донесе успех, без разлика на тоа како ќе играме. За мене е важна врската што ја има со играчите. Видовме како се простија од него, начинот на кој го третираат доволно зборува за тоа колку го почитуваат. Одеше на конференции и ги бранеше по лошите резултати“, изјави Фернандеш.

Португалскиот фудбалер не постигна гол на 13 натпревари оваа сезона во кои Тен Хаг го предводеше Манчестер, а потоа погоди четири пати во пет натпревари додека Руд ван Нистелрој привремено го водеше тимот.

Аморим на 24 ноември ќе дебитира на клупата на Манчестер Јунајтед во 12. коло од Премиер лигата против Ипсвич.

Манчестер се наоѓа на 13. место на табелата во Премиер лигата со 15 бодови, додека во Лига Европа е на 15. позиција со шест бодови.

Scroll to Top