Top Sport

Фернандеш бесен на Мегваeр кој „чуваше“ пет играчи на Евертон надвор од офсајд

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш призна дека одбраната на тимот предводена од капитенот Хери Мегваер го фрустрира по драматичното 3:3 реми со Евертон во кое примија гол во 94. минута кога Мегваер беше виновен што пет играчи на гостите не беа во офсајд.

„Мислам дека го предадовме мечот двапати. Кога водиш 2:0 на полувреме, не можеш онака да влезеш во второто полувреме. Примаме голови секој меч, примаме голови многу пати кога сме дома и тоа е неприфатливо. Кога водиш 2:0 треба да победиш. Не е важно како. Па потоа примаш два гола и повторно даваш гол. Невозможно е по третпат да дозволиш гол од слободен удар од половина терен.  Не знам што мислат моите соиграчи, но мечот не е завршен додека не каже така судијата“, вели Фернандеш.

Scroll to Top