Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата, во февруари.
Португалецот во јануарскиот преоден рок пристигна на „Олд Трафорд“ од Спортинг Лисабон и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за Јунајтед.
На трите натпревари што ги одиграл за „црвените ѓаволи“, во февруари, Португалецот постигнал еден гол и забележал две асистенции. Јунајтед ги победија Челси (2:0) и Вотфорд (3:0), а ремизирале (0:0) со Вулверхемптон.
Во гласањето Бруно Фернандеш добил 58 отсто од гласовите.