Top Sport

Сопственикот на Хофенхајм би можел да ја реши пандемијата со коронавирусот

Контроверзниот сопственик на фудбалскиот клуб Хофенхајм Дитмар Хоп кој во последно време се наоѓа на мета на навивачите во Германија би можел да ја има клучната улога во борбата со коронавирусот.

Фармацевтската компанија чии сопственик е Хоп „ЦуреВац“ од Тибинген, според шпекулациите забележала голем прогрес во развојот на вакцината против опасниот вирус.

Хоп, меѓу другото е и акционер во хуманитарната компанија на Бил и Мелинда Гејтс која во соработка со „ЦуреВац“ произведува вакцини против разни облици на инфективни болести.

Пред неколку дена германскиот весник „Велт ем Зонтаг“ откри дека американскиот претседател Доналд Трамп бил подготвен на компанијата на Хоп да и понуди голема сума на пари за да ја префрли компанијата преку Атлантикот, но не само да добие пристап во развојот туку да ја обезбеди вакцината само за САД.

Меѓутоа американскиот интерес за „ЦуреВац“, го поттикнал Хоп да истакне дека вакцината не е на продажба туку дека се развива за да им помогне на сите луѓе во светот.

Scroll to Top