Top Sport

Фернандеш испиша историја во ПЛ, четирипати МВП во иста година

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Португалецот Бруно Фернандеш е прогласен за играч на месец декември во Премиерлигата. Со тоа тој стана првиот играч во историјата на ова елитно натпреварување кој во една календарска година четирипати го добива ова признание.

Бруно минатиот месец постигна 3 гола и му помогна на тимот на Оле Гунар Солскјер да се искачи на врвот во ПЛ. Во декември португалскиот ас имаше и 4 асистенции.

Сезонава неговиот учинок е 15 гола на 26 меча во сите натпреварувања.

Scroll to Top