Top Sport

Фернандеш: Мектоминеј е Скотиналдињо!

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш го нарече својот соиграч Скот Мектоминеј „Скотиналдињо“, откако Шкотланѓанецот постигна два убави и брзи гола во првите три минути од 6:2 победата над Лидс.

Шкотланѓанецот можеше и до хет-трик, но токму Фернандеш го изведе пеналот во второто полувреме, и тоа не му пречеше откако објави фотографија на Инстаграм со порака: „Голема победа!“.

Фернандеш бргу му одговори: „Скотиналдињо!“, по што Мектоминеј му се закани: „Ој, јас и ти ќе позборуваме“.

И Оле Гунар Солскјер беше импресиониран од Мектоминеј нарекувајќи го „физичко чудовиште“.

„Тој работи секој ден, никогаш не бега од работа и ја добива својата награда. Може да прави се на теренот. Кога беше помал играше како напаѓач, така што добро се снаоѓа и напред. Таа негова енергија беше одлична против Лидс“, вели Солскјер.

Легендата на Јунајтед, поранешниот капитен, беше импресиониран, дури и од фризурата на Шкотланѓанецот.

„Има 24 години, веќе е зрел, се наоѓа во добра форма и има искуство зад себе. За Шкотска игра на неколку позиции. Дури ми се допаѓа и како е потстрижан, тоа го прави поостар. Детето порасна и сега е зрело. Треба да дава повеќе голови, но неговата улога во Јунајтед во последно време е да ги штити задните четири“, вели Кин.

Scroll to Top