На Бруно Фернандеш не му беше потребна ниту половина сезона да се промовира во еден од најдобрите фудбалери во Манчестер јунајтед, играјќи на позицијата на плејмејкер, но открива дека на почетокот на неговата кариера играл повеќе во одбраната и му било порачано да се фокусира на таква игра.
„Играв централен дефанзивец во поголемиот дел од моите почетоци, или во централната одбрана или на позицијата десен бек. Бев навистина добар и мојот тренер ми велеше: ‘Ако сакаш да бидеш врвен фудбалер, играј одбрана, ако сакаш само да си добар, играј во средината’. Мислам дека грешеше, но којзнае, можеби во одбраната ќе бев многу подобар. Не сакав да играм во одбрана и покрај тоа што сите ме велеа дека сум добар“, вели 26-годишниот Португалец.
Како се случил трансферот напред?
„Тренерот ги гледаше играчите и кажа: ‘Немам напаѓачи’ бидејќи дел беа на одмор. Јас викав: ‘Јас сум напаѓач’ и тој ми даде шанса на тренинг. Дадов два гола и се согласи да ме постави напред. Во вториот натпревар бев ‘лажна’ десетка, а потоа се поместив на број 10 и број 8. Пораснав со брат кој беше постар од мене и сакав да играм со нив, но тие не ме пуштаа. Затоа морав повеќе да се трудам да правам трикови и да ги победам“, објаснува Фернандеш.