Top Sport

Дабовиќ: И дадовте на црнкиња да игра за Србија?

Поранешната славна српска кошаркарка Милица Дабовиќ влезе во зачудувачки напад на националната федерација откако на Американката Ивон Андерсон и беше дозволено да игра за српската репрезентација.

Дабовиќ, која со Србија во 2015 го освои Европското првенство, се побуни што нејзината помлада сестра Ана не е повикана во српската репрезентација.

„Ало! Покрај толку таленти во нашата Србија да се донесе Американка, и тоа уште црнкиња, и тоа на позиција на плејмејкер, покрај живата Ана Дабовиќ, тоа е навистина надвор од умот. Селекторко до кога ќе се играш со луѓето? Можеби сум луда, ама ова не го прифаќам“, напиша Дабовиќ на Твитер.

Андерсон не е првата Американка која играла за Србија, откако Даниел Пејџ и беше колешка токму на Дабовиќ.

Scroll to Top