Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш побара навивачите да не ги користат неговите коментари по вчерашниот 2:1 триумф над Манчестер сити во големото градско дерби за да го нападнат Кристијано Роналдо.
Откако беше еден од подобрите играчи на „ѓаволите“ против Сити, Фернандеш изјави дека тие конечно изгледаат како „вистински тим“, а не како група на индивидуални фудбалери. Ова беше протолкувано како напад на поранешниот соиграч Роналдо, кој во ноември го раскина договорот со „ѓаволите“.
„Знам дека им е тешко да го гледаат Манчестер јунајтед како игра добро, така што немаат ништо да кажат за нас, освен добри работи. Не го користете моето име да го напаѓате Кристијано. Кристијано беше дел од нашот тим половина сезона и како што кажав во многу интервјуа, сите од мечот со Ливерпул се однесуваат фантастично и играат како тим. Ги гледате резултатите. Одиме понатаму“, напиша Фернандеш на Инстаграм.