Top Sport

Фернандеш: Не сте го виделе најдоброто од овој Јунајтед

Новата ѕвезда на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш верува дека „ѓаволите“ можат да го кренат своето ниво кога ќе се рестартира Премиер лигата, откако пред паузата поради корона вирусот, токму Португалецот беше еден од фудбалерите кои го мотивираа клубот со неговото пристигнување во јануари.

При рестартот на 17 јуни, тој ќе има помош во двајца фудбалери кои беа повредени кога тој пристигна, Пол Погба и Маркус Рашфорд во лов на место во топ 4 кое води во Лигата на шампионите.

„Едвај чекам да продолжиме каде што застануваме. Можеби да бидеме подобри од претходно. Важно е да имаме добар финиш на сезоната. Ми недостасува фудбалот и притисокот пред мечевите. Ќе биде тешко без навивачи, но барем ќе имаме фудбал“, вели Фернандеш.

Јунајтед почнуваат со гостување на Тотенхем на 19 јуни.

Scroll to Top