Top Sport

Меси не го загубил осетот и покрај долгата пауза (видео)

Додека се чека рестартот на Ла лига вечерва со дербито на Севилја, многу тренери се наоѓаат пред дилема дали нивните фудбалери се во доволно добра форма. За Лео Меси и Барселона, очигледно нема грижи.

32-годишниот капитен на Каталонците, кој пропушти еден тренинг поради повреда, се врати на работа со фантастичен лоб-удар на тренинг на клубот, нешто што беше невозможно да се фати.

Голот е добра вест за тренерот Кике Сетиен, откако минатата недела Меси доби мала мускулна повреда на десната нога.

Scroll to Top