Top Sport

Фернандеш: Не сум заслужил да ме споредувате со Кантона

Новата ѕвезда на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш признава дека му годат споредбите со легендата на клубот Ерик Кантон,а но Португалецот признава дека е потребно да се направат многу работи за да заслужува таква споредба.

Фернандеш пристигна на „Олд Трафорд“ од Спортинг Лисабон во јануари и веднаш стана клучен член на тимот на Оле Гунар Солскјер и сега пред полуфинале од Лига Европа против Севилја, тој може да го освои првиот трофеј со клубот. 25-годишниот Фернандеш не крие дека му е одлично во Манчестер, но вели дека треба да се кренат многу трофеи за да се оправда споредбата со легенда како Кантона.

„Секако, многу е убаво да се слушне таква споредба, бидејќи Кантона беше фантастичен фудбалер за овој клуб. Но, мора да направам многу, многу, повеќе за да бидам споредувам. Како што кажа тренерот, сакаме да освојуваме трофеи, почнувајќи со Лига Европа сега“, вели Фернандеш.

Кантона освои четири титули од Премиер лигата во пет години со „ѓаволите“, постигнувајќи 82 гола во 185 натпревари. Фернандеш за споредба има 11 гола во 21 меч за клубот.

Scroll to Top