Top Sport

Барса нема да го пушти Артур во Јуве додека не ја отслужи казната

Каталонскиот „Спорт“ тврди дека Барселона нема да дозволи Артур Мело да замине во Торино и да заигра за Јувентус додека не заврши неговата казна поради дисциплински прекршок, што значи дека тој нема да ги почне подготовките за новата сезона 24 август.

Артур веќе потпиша за Јувентус по трампата со Миралем Пјаниќ (и 10 милиони евра за Барса), но договорот е од сезоната 2020/21, а откако Бразилецот одби да се појави на тренинзи за настапите во Лигата на шампионите, клубот реши да му одреди казна.

Според весникот, Барселона ќе му одреди суспензија и голема финансиска казна на Артур, и со тоа ќе го оддолжи неговото патување во Торино.

Scroll to Top