Top Sport

Фернандеш: Сезоната за Манчестер јунајтед не е успешна

Бруно Фернандеш не смета дека сезоната 2022/23 може да се оцени како успешна за Манчестер јунајтед и покрај титулата од Карабао купот и враќањето во Лигата на шампиони. Во првата сезона под Ерик Тен Хаг, „ѓаволите“ го освоија англискиот лига куп и стигнаа до финалето на ФА купот против Манчстеер сити, а вчера со 4:1 победата над Челси осигураа место во топ 4.

За Португалецот ова претставува чекор напред, но не може да се смета за успех.

„Ова е позитивна сезона, но не и успешна, бидејќи за овој клуб успехот претствува нешто друго и тоа треба да го имаат сите играчи во ум. Освоивме трофеј, се вративме во топ 4 и сега играме во ново финале, но тоа нема да ја смени сезоната. Откако не успеавме да се бориме за титулата во лигата, моравме да се задовоиме со топ 4, но тоа е основниот минимум за овој клуб“, вели Фернандеш.

Менаџерот Ерик Тен Хаг, пак, по победата над Челси изјави дека сезоната е успешна, но целта е што е можно побргу да се вратат во борбата за титулата.

„Тешко е да се биде во врвот, има многу добри тимови, посебно оваа сезона. Манчестер сити играат неверојатен фудбал и потребен ни е голем чекор напред, но одиме во вистинска насока. Сега имаме добра основа, но има многу простор за прогрес. Кога ќе имаме и други вистински фудбалери ќе имаме поголема шанса за титула“, вели Тен Хаг.

Scroll to Top