Top Sport

Јувентус го продава Влаховиќ

Душан Влаховиќ повторно има проблем со повреда. Пред мечот со Милан тој тренира одвоено од тимот, па Италијанците шпекулираат дека тој веќе ги одиграл последните минути за Јувентус, со оглед дека има уште две кола до крајот.

Јувентус сигурно нема да игра во Лигата на шампионите, што значи и неколку стотици милиони евра помалку во касата, а парите ќе треба да се направат со продажба на дел од фудбалерите. Тука меѓу првите на списокот е Влаховиќ.

Италијанскиот клуб сака да ја врати инвестицијата, но би се сложил и на продажба од околу 60 милиони евра. Најзаинтересирани се клубовите од Премиерлигата, Арсенал или Њукасл, можеби и Челси, би биле подготвени да ја платат оваа сума.

Scroll to Top