Top Sport

Фернандеш во одбрана на Роналдо по насловот: „Помалку Роналдо, повеќе Португалија“

Тоа што до пред некое време беше незамисливо во португалската јавност, сега е главна тема – квалитетот на Кристијано Роналдо и тоа дали тој го заслужува местото во португалската репрезентации.

Пред Светското првенство во Катар, се погласни се критиките кон нивната најголема ѕвезда, а посебно ќе се зголемат по 0:1 поразот од Шпанија со што Португалија го пропушти пласманот во финалето на Лигата на нации. И пред тој меч, уште во понеделникот, спортскиот весник „А бола“ на насловната порача: „Помалку Роналдо, повеќе Португалија“ посочувајќи дека поради малата минутажа во Манчестер јунајтед, 37-годишниот ветеран не треба да биде во стартниот тим.

Во текот на вчерашниот пренос од натпреварот, новинарот на Португалската ТВ „РПТ3“ гласно прача: „Сите можат да видат дека Роналдо самиот одлучува колку минути ќе игра“, обвинувајќи го селекторот Фернандо Сантош како човек со слаб вторитет.

Во негова одбрана застана неговиот соиграч од Јунајтед и од португалската репрезентација, Бруно Фернандеш.

„Нема потреба за големи приказни. Кристијано е тука за да помогне и ќе продолжи така. Кристијано е напаѓач и сака голови и фрустрацијата е нормална. Сите сме исфрустрирани, нема потреба за сапунска опера околу Кристијано. Головите ќе дојдат, ова е само фаза“, вели Фернандеш.

Scroll to Top