Капитенот на Манчестер сити, Фернандињо потврди дека нема да потпише нов договор со англискиот шампиони и ќе замине од „Етихад“ по девет сезони.
Бразилецот пристигна во Сити од Шахтјор Доњецк во 2013 година за 34 милиони фунти, кога плати дел од парите за трансферот за да осигура преселба во Премиерлигата. Оттогаш тој има над 350 натпревари за Сити, освојувајќи 11 трофеи. 36-годишниот Фернанињо го откри ова на прес-конференцијата пред мечот со Атлетико Мадрид изненадувајќи го дури и менаџерот Пеп Гвардиола.
„Нема да останам уште една година. Одлучив со моето семејство дека ќе одиме и тоа е најважното за мене. Сакам да продолжам со фубалот, така што сигурно ќе се вратам во Бразил.
Гвардиола беше шокиран од одлуката.
„Сите знаеме што прави тој зад сцената, како работи со нашите фудбалери за доброто за тимот. Тој беше тука кога пристигнав, но ја покажа својата големина. Утре ќе играме за него, да му дадеме шанса да се пласираме во полуфиналето на Лигат на шампионите“, изјави Гвардиола.