Досегашниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, потврдил дека кариерата ќа ја продолжи во Јапонија, во екипата Саган Тосу.
„Саган Тосу беше првиот клуб што покажа интерес за моите услуги. Ги ценам нивните напори и начинот на кој управата ме убеди со својот спортски, личен и културен проект“, рекол Торес.
Шпанскиот напаѓач ќе потпише договор до 2020 година, а според шпекулациите ќе заработува 80.000 евра неделно.
Инаку Саган Тосу не бележи добри резултати оваа сезона во јапонскиот шампионат. Екипата се наоѓа на претпоследното 17.место со само 13 бода.
Торес, по завршувањето на сезоната и освојувањето на титулата во Лига Европа, втор пат се прости од матичниот клуб, Атлетико Мадрид.