Top Sport

Фесен: Ви благодарам на сите, се гледаме наскоро

Голманот на РКЦ Валвијк, Етјен Фесен, кој беше тешко повреден во саботата на натпреварот против Ајакс, се огласи преку веб-страницата на холандскиот фудбалски клуб каде им се заблагодари на сите за поддршката со зборовите „се гледаме наскоро“.

„Почитувани членови, колеги и фанови на РКЦ, најпрво би сакал да им се заблагодарам на медицинскиот персонал на Ајакс и на персоналот на брзата помош за нивниот брз и коректен третман. Ја гледам поддршка што ми доаѓа од сите страни. Би сакал да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои сочувствуваат со мене и моето семејство, многу ја цениме поддршката“, рече Фесен.

Тој додаде дека во понеделникот наутро имал краток видео повик со соиграчите.

„Беше многу убаво да ги видам сите повторно. Првиот период од моето опоравување се состои од одмор. Затоа во иднина нема да можам да одговорам на сите пораки. Засега важно е да се фокусираме на натпреварот против Алмере Сити следната сабота. Како членови на РКЦ, да му дадеме голема поддршка на тимот. Имам целосна доверба во соиграчите, следната сабота ќе се борат за победа! Се гледаме наскоро!“, заврши Фесен.

Scroll to Top