Top Sport

Фета Фетаи од Работнички прави трансфер во Локомотива Загреб

Младинскиот репрезентативец на Македонија и член на Работнички, Фета Фетаи, кариерата ќе ја продолжи во Хрватска, во тимот на Локомотива Загреб, објави македонскиот прволигаш на официјалниот сајт.

Двата клуба ги договорија деталите околу трансферот, а фудбалерот во наредните денови ќе ги мине лекарските прегледи, по што ќе следи и официјална промоција во хрватскиот прволигаш.

„Со задоволство можеме да потврдиме дека Работнички продолжува во духот на она што е негова главна клупска карактеристика, да промовира млади и талентирани фудбалери кои добиваат шанса за брз излез на интернационална сцена. 18 – годишниот играч за врска Фета Фетаи, кој минатата сезона доби шанса во сениорскиот тим на Работнички и блесна со целиот свој потенцијал, ќе ја продолжи кариерата во хрватскиот прволигаш Локомотива Загреб. Двата клуба ги договорија деталите околу трансферот, а фудбалерот ќе замине на лекарски прегледи, по што ќе следи и официјалната промоција“, изјави претседателот на клубот, Драган Поповски.

Минатата сезона Фета Фетаи одигра 13 натпревари во дресот на Работнички во првенството на Македонија или вкупно 433 минути.

Фета Фетаи ја продолжува низата на млади и талентирани фудбалери, македонски репрезентативци, кои преку Работнички направија трансфер, Лука Станковски, Елиф Елмас, Давид Тошевски, Методи Максимов, Ѓоко Зајков, Столе Димитриевски, Даниел Аврамовски, Дарко Велковски…

Scroll to Top