ФИФА наскоро може да го суспендира Фудбалскиот сојуз на Израел, фудбалската репрезентација на Израел и клубовите од своите натпреварувања. Во екот на војната во Појасот Газа во март оваа година, Израелците беа пријавени од Палестинскиот фудбалски сојуз. Одлуката за евентуална суспензија требаше да биде донесена во мај, но таа беше поместена за следниот четврток.
Советот на ФИФА ќе се состане и ќе донесе важна одлука. Составен е од претставници на фудбалски асоцијации од целиот свет. Палестинските фудбалски функционери сметаат дека Израелците ги прекршиле правилата на ФИФА и сакаат санкции за израелските клубови и репрезентацијата, кои овој месец треба да играат во Лигата на нации против Франција и Италија.
„Се соочуваме со циничен непријателски политички обид на Палестинците кои сакаат да му наштетат на израелскиот фудбал“, ја пренесува изјавата на првиот човек на израелскиот фудбал, Шин Моше Зуарес, британскиот јавен медиум Би-Би-Си.
Доколку ФИФА одлучи да ги исклучи Израелците од сите натпреварувања, тоа ќе биде втор пат во последните неколку години да биде донесена ваква одлука. На почетокот на војната во Украина, беа исфрлени руските клубови и репрезентацијата.
Израел започна воена операција во Појасот Газа како одговор на нападот на Хамас што се случи на 7 октомври минатата година, во кој загинаа 1.200 луѓе, а 250 беа заробени.