Top Sport

ФИФА би можела да ја казни Украина

Украина, првите две средби во квалификациите за ЕУРО 2020, ги одигра на гостински терен и успеа да освои четири бода. Украинците одиграа 0:0 во Португалија, а синоќа со огромна доза на среќа победија и кај Луксембург 1:2.

Меѓутоа, во вторникот, португалските медиуми пишуваат дека Украина би можела да остане без освоените бодови, односно дека се соочува со казна од УЕФА.

Порталот „maisfutebol.iol.pt“, наведува дека спорен бил настапот на Жуниор Мораеш за Украина на овие два натпревари. Образложението е дека Бразилецот не минал во континуитет пет години во Украина и според тоа не ги исполнил критериумите на ФИФА.

31-годишниот напаѓач дебито го имаше против Португалија, кога одигра 15 минути, а играше и синоќа против Луксенбург.

Жуниор Мораеш на 18 јули 2012 година потпишал договор со Металург Доњецк, а во 2015 година се преселил во Динамо Киев. Од оваа сезона тој го оси дресот на шампионот Шахтјор.

Спорен е тоа што Мораеш во февруари 2017 година им бил позајмен на Тјенџин, поради што во Украина во континуитет минал четири години и седум месеци.

Доколку УЕФА ја казни Украина, тогаш Луксенбург, по две кола, би биле лидери во Б-групата со шест бода, пред Португалија со четири, Србија со еден, а Украина и Литванија би биле без бодови.

Scroll to Top