Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), парично ги награди клубовите, чии фудбалери беа дел од Светското првенство во Русија. ФИФА објави колкава сума заработиле клубовите.
Кога ќе се погледнат само државите, најмогу заработиле Англичаните (37.406.940 долари), Шпанците (22.572.080), Германците (18.920.672), Италијаните, иако репрезентацијата не учествуваше на СП (17.454.025)…
За жал, македонските клубови не добија ниту цент, бидејќи од нашето првенство не настапи на Мундијалот во Русија.
Од ФИФА добро заработија клубовите од регионот. Динамо Загреб доби 680.000 долари, Риека (548.000), Црвена ѕвезда (328.280), Партизан (246.210), Хајдук Сплит (66.205), Копер (21.225).
Интересно, од ФИФА 82.000 долари ќари српскиот клуб Чукарички, бидејќи Немања Радоњиќ кој беше дел од српската репрезентација на СП, во пропишаниот период од две години го носел дресот на овој тим.