Светската фудбалска федерација (ФИФА) одреди 13 судии кои на Светското првенство во Русија ќе бидат асистенти за видео прегледи. ФИФА, потенцира, дека овие судии ќе бидат задолежени само за ВАР системот.
Меѓу овие 13 арбитри има неколкумина што сезонава судеа на натпревари во Лигата на шампионите. Тука има тројца судии од Италија, двајца од Германија кои сезонава во националните шампионати ги обавувале истите функции.
Исто како и кај главните судии и меѓу оние што ќе работат на ВАР системот нема да има арбитри од Англија. Судиите од оваа земја, во изминатиот период, често се критикувани дека бавно и конфузно ги носат одлуките.
Светското првенњтво во Русија ќе се одржи од 14.јуни до 15.јули.